Кој е Аџеј Банга, човекот предложен за нов шеф на Светска банка?

78

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе го номинира Аџеј Банга, поранешниот извршен директор на MasterCard, за претседател на Светска банка.

Во изјавата, Бајден рече дека Банга е „добро опремен да ја води Светската банка во овој критичен момент во историјата“ и дека има „докажана историја на управување со луѓе и системи и партнерство со глобалните лидери ширум светот за да постигне резултати“, според до CNN.

„Растејќи во Индија, Аџеј има единствена перспектива за можностите и предизвиците со кои се соочуваат земјите во развој и како Светска банка може да ја исполни својата амбициозна агенда за намалување на сиромаштијата и проширување на просперитетот“, напиша Бајден во изјавата.

Банга треба да го замени претходниот претседател Дејвид Малпас, кој минатата недела објави дека се повлекува една година порано – откако помина четири години од петгодишниот мандат.

Кој е Аџеј Банга?
Од 2022 година, Аџеј Банга е потпретседател на Џенерал Атлантик, инвестициска компанија со седиште во Њујорк. Пред тоа, 63-годишникот беше извршен директор на MasterCard од 2010 до 2021 година.

Тој работеше во кабинетот на поранешниот американски претседател Барак Обама, каде што беше член на советот за трговска политика во 2015 година.

Пред MasterCard, тој работеше во Citigroup, каде што се приклучи во 1996 година и имаше голем број позиции. Извесно време беше и извршен директор на компанијата за азиско-пацифичкиот регион.

Додека живеел во Индија, работел 13 години во Нестле и две во ПепсиКо.

Аџеј Банга дипломирал економија на Универзитетот во Делхи и е алумни на Индискиот институт за менаџмент, Ахмедабад.