Кој е Амансио Ортега?

613

Амансио Ортега е еден од најбогатите луѓе во Европа, а зад неговото име стои огромната империја Inditex, што под своја “капа“ ги има брендовите: Zara, Pull&Bear, Massimo Dutti, Bershka, Stradivarius…

Ортега е роден во сиромашно семејство, па и покрај тоа што има огромно богатство, остана скромен како човек. Тој со децении е вистинска мистерија за јавноста, бидејќи ниту тој, ниту некој негов близок никогаш не дале интервју.

Сопственикот на Zara е роден во 1936 година во мало шпанско село во северниот дел на земјата. Бил најмал од вкупно четири деца. Неговото семејство, кое живеело во екстремна сиромаштија, се преселило во Ла Коруња, каде што работел неговиот татко. Ортега на 14 години го напушта училиштето и почнува да работи. Негова прва работа му била помош во продавница на локалната компанија Gala, каде учел да шие облека.

Како тинејџер, Ортега работел многу напорно, а кога имал слободно време уживал возејќи велосипед. Имајќи предвид во какви услови живее, Ортега почнал да крои планови како да заработи повеќе пари. Неколку години подоцна, почнал да организира кројачки задруги, во коишто кројачки произведува долна облека, облека за бебиња и вечерни фустани.

Во 1963 година, кога Ортега веќе имал 10-годишно работно искуство, ја основал својата прва компанија Confecciones GOA. Тој бил задолжен за развивање на нови модни трендови, неговиот брат Антонио ги водел комерцијалните работи, неговата сестра Џозефа се занимавала со книговодство, Росалиа Мера му била деловен партнер, а три години подоцна му станала и сопруга. Брачната двојка никогаш не се појавувала во јавност, ниту дозволувале да им бидат објавени фотографии од нивните две деца.

Тие ја основаа Inditex во 1985 година, но по една година се разведуваат. Во 2001 година, Ортега повторно се жени овојпат со 18 години помладата Флора Перез со која бил во врска од 1983 година. Таа порано работела во неговата компанијата.

Ортега веднаш по основањето на компанијата во 1963 година, преземал неколку фабрики во Шпанија, а првата продавница ја отвори во 1975 година во центарот на Ла Коруња, а ѝ го дал името Зорба, по неговиот омилен филм. Но, откако сопственик на бар со истото име се пожалил, Ортега го сменил името на продавницата во Zara. Веќе во 1988 година го проширува бизнисот и надвор од Шпанија, отворајќи ја првата Zara во Португалија. Во 1989 година САД ја добиваат првата продавница на Zara, додека во Лондон девет години подоцна.

Деловниот успех на Ортега се препишува на бизнис моделот што подразбира таканаречена брза мода – тоа значи да им го даде на купувачите тоа што сакаат и тоа за најкратко можно време. Zara е позната по тоа што годишно развива и дистрибуира 12.000 нови дизајни. Неговиот бренд ги освежува залихите на облека два пати во неделата.

Во успешното портфолио на Ортега нема само мода и модни брендови. Тука се и инвестиции во банки, туризам, недвижнини. Но, освен со бизнис, Ортега се занимава и со хуманитарна работа. Заедно со првата сопруга ја основаа фондацијата Paideia, која има помага на луѓе со ментален и физички инвалидитет да стекнат образование и обуки. Ортега основал и уште една непрофитна организација чија цел е промоција на наука, истражување, образование.

Инаку, Амансио Ортега сака да работи и ретко користи одмор. Сака да живее мирен и скромен живот во Ла Коруња. Секој ден го посетува истото кафуле во центарот на градот каде што порачува ист појадок – јајца и компирчиња. Руча во кафетеријата на компанијата, никогаш не оди во одморалишта каде одат милионери. Тогаш кога ќе сака да се одмори, ја избира Грција. Нема некое скапо хоби, сака времето да го поминува во внуците, чува пилиња и кози и ужива во природата.

Денес богатството на Ортега, според Forbes, е 63,8 милијарди долари.

Фото: Facebook