Кој е човекот што си исплати најголема годишна плата досега во Британија

14
Business man counting dollar banknote - online business concept

Сер Крис Хон, менаџер на хеџ фондот The Children’s Investment Fund, минатата година си плати 479 милиони долари откако неговиот фонд забележа скок на добивката пред оданочување од 66% на 695 милиони долари, пренесуваат британските медиуми.

Се смета дека е најголемата годишна сума исплатена некогаш на едно лице во Велика Британија и изнесува 940.000 фунти на ден. Тоа е 9.000 пати повеќе од просечната плата во Велика Британија и 1.700 пати повеќе од сумата исплатена на премиерот Борис Џонсон.

Огромната плата на Хон од 479 милиони долари (343 милиони фунти) е значително поголема од претходниот рекорд од 323 милиони фунти исплатени на Денис Коутс, мнозински акционер на обложувалницата Bet365, во 2018 година.

Хон, 54, е син на автомеханичар од Јамајка кој емигрирал во Велика Британија во 60-тите години на минатиот век. Тој е еден од најдарежливите филантропи во Велика Британија и дал 386 милиони долари преку неговата добротворна организација во 2019 година.

Поради својата филантропија во 2014 година ја доби титулата Сер.

Фото: Freepik