Помладиот брат на Илон Маск (51), основачот на Тесла и најбогатиот човек на светот, Кимбал Маск (50) со години беше „во сенка“, но сега за него се поинтензивно се зборува.
Тој е канадско-американски угостителски претприемач и готвач, инаку сопственик на „The Kitchen Restaurant Group“, под чиј чадор се голем број поврзани ресторани лоцирани во Колорадо, Чикаго и Индијанаполис.
И додека „постариот“ Маск има големи успеси во светот на електричните автомобили и со своите деловни потфати ги поместува границите во областа на вселената и ракетите, Кимбал е повеќе посветен на готвењето, а тој е и филантроп кој беше прогласен за Глобален социјален претприемач (Global Social Entrepreneur), од Светскиот економски форум.
Секако, Кимбал е и во одборот на Tesla и SpaceX, а неговата лична мисија е „да ги охрабри и инвестира во следната генерација страсни претприемачи со храна да иновираат и да одгледуваат вистинска, нутритивно богата храна“.
Биг Грин, чиј коосновач е Маск Џуниор, е национална непрофитна организација посветена на создавање здрави места каде децата можат да учат и растат. Организацијата инвестира во заедниците за да подигне здрави семејства и деца преку средини за учење на отворено, градинарство и разни програми.
Урбаната фармерска компанија на Кимбал, Square Roots, одгледува свежо локално зеленило во контејнери за транспорт контролирани со клима со мисија да им донесе вистинска храна на луѓето во градовите ширум светот преку зајакнување на следната генерација фармери.
Според Форбс, Илон Маск има нето богатство од 219,8 милијарди долари, додека неговиот брат Кимбал е „тежок“ околу 700 милиони долари. Значи, далеку зад неговиот брат.











