Кој е кој на пазарот на батерии за електрични возила: Кинезите продаваат убедливо најмногу, а потоа Корејците и Јапонците…

50

Во периодот од јануари до крајот на јуни, глобалната потрошувачка на батерии за електрични возила (EV) изнесуваше 304,3 GWh, што е за 50,1 отсто повеќе од 202,8 GWh во истиот период минатата година, покажуваат податоците објавени на 3 август  од јужнокорејскиот истражувач на пазарот  SNE Research.

Во тој период најмногу батерии продал кинескиот производител CATL, со вкупен капацитет од 112,0 GWh, што е за 56,2 отсто повеќе од 71,7 GWh во истиот период лани.

Кинескиот гигант CATL останува светски лидер со удел од 36,8 отсто во првата половина од годината и останува единствениот снабдувач на батерии во светот со пазарен удел од над 30,0 отсто.

На второ место е кинескиот BYD со удел од 15,7 отсто, потоа корејскиот LG Chem со 14,5 отсто и јапонскиот Panasonic со 7,5 отсто. Потоа следат производителите со помали удели…