Кој е најголем извозник во регионот, а кој во светот?

125

Извозот во светот минатата година достигна ниво од над 1.730 милијарди долари во 2020 година, што е намалување од 7,6% во споредба со 2019 година.

На глобално ниво, Кина беше извозник број еден во светот со 2.590.607.686.000 долари или 3,7% повеќе во однос на 2019 година. За нејзе се САД со извоз во вредност од 1.431.406.392.000 долари или 13% помалку одошто во 2019 година. Трет најголем извозник на планетата беше најголемата европска економија, а тоа е Германија со извоз од 1.377.863.429.000 долари или 7,3% помалку една година претходно.

Меѓу 10-те најголеми извозници минатата година беа и: Јапонија (640.953.137.000 долари), Холандија (551.597.804.000 долари), Хонгконг (551.515.756.000 долари), Јужна Кореја (512.788.606.000 долари), Италија (495.976.960.000 долари), Франција (475.071.675.000 долари) и Белгија (419.473.855.000 долари).

Македонија на глобалната мапа на извозници се најде на 96-то место со 6.633.216.000 долари. Во подобра позиција од нас, од земјите во регионот се: Словенија (53-та позиција со 37.471.094.000 долари), Грција (55-та со 35.070.462.000 долари), Србија (68-ма со 19.384.734.000 долари) и Хрватска (70-та со 16.965.387.000 долари).

Зад нас се: Босна и Херцеговина (100-та со 6.148.985.000 долари), Албанија (130-та со 2.477.847.000 долари) и Црна Гора (167-ма со 409.846.000 долари).

Фото: Pexels