Кој е најпродаван автомобил во Европа во октомври? Голф не е ниту меѓу првите десет

319

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови веќе им се познати на птиците на гранката. Ова е причината зошто листите на најпродавани автомобили  изгледаат поинаку од месец до месец.

Со години првото место беше резервирано за Volkswagen Golf, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според JATO Dynamics. Првото место го држи малиот SUV Peugeot 2008 (18.109 продадени примероци), втор е Renault Clio (14.639), потоа Dacia Sandero (14.034), Peugeot 208 (13.978), петти е Ford Focus ( 12.704)…

Голфот испадна од првите десет – продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пренесува магазинот ХАК.