Кој е најпродаваниот автомобил во Европа

Пред да ги сумираме продажбите во Европа за 2024 година во јануари, ќе ги разгледаме бројките од изминатите 11 месеци.

Во тој период регистрирани се околу 100.000 нови автомобили повеќе од лани. Dacia Sandero е неприкосновен лидер на пазарот, пред VW Golf и Renault Clio.

Во последните три години, европскиот лидер Golf ја немаше силата каква што имаше некогаш за да ја задржи својата водечка позиција во Европа. Голфот е блиску до врвот, но клиентите ги променија своите навики. Во 2022 година, Европејците најмногу му веруваат на Peugeot 208, минатата година за прв пат во електричен модел – Tesla Y, додека оваа година тоа ќе биде скромниот Dacia Sandero.

Продажба по модел во 11 месеци од 2024 година:
Dacia Sandero – 245.686 регистрации
Volkswagen Golf – 198.886 регистрации
Renault Clio – 195.930 регистрации
Volkswagen T-Roc – 187.339 регистрации
Peugeot 208 – 183.740 регистрации
Tesla Model Y – 180.682 регистрации
Toyota Yaris Cross – 178.922 регистрации
Škoda Octavia – 167.175 регистрации
Toyota Yaris – 164.496 регистрации
Dacia Duster – 157.287 регистрации
Дачија има два модели во топ 10
За 11 месеци Романците продале повеќе од 245.000 Сандерo на европскиот континент, што е за 14 отсто повеќе од лани во истиот период. Golf е втор со близу 199.000 продадени примероци, пишува Klix.ba.

Иако оваа година бележи 20 отсто помала продажба, Tesla Model Y со повеќе од 180.000 регистрирани модели зазема многу високо место во севкупното рангирање.

Продажба по бренд во 11 месеци од 2024 година:
Фолксваген – 1.258.324 регистрации
Тојота – 849.628 регистрации
BMW – 707.527 регистрации
Škoda – 700.748 регистрации
Renault – 626.719 регистрации
Mercedes-Benz – 617.901 регистрации
Audi – 612.540 регистрации
Peugeot – 595.867 регистрации
Dacia– 522.013 регистрации
KIA – 494.725 регистрации
Од кинеските марки, вреди да се напомене дека МГ е убедливо најпродавана. За 11 месеци (225.000 регистрирани возила) испорачале само 5.000 автомобили помалку од цела минатата година.

Што се однесува до погонските единици, трет месец по ред лидери се хибридите со удел од 33,2 отсто, пред бензинските модели со 29,7 отсто и електричните модели со пазарен удел од 17,5 отсто.