Кој е најпродаваниот телефон во светот во првата половина од годината

123

Објавена е листата на најпродавани телефони во светот за првите шест месеци од оваа година, а на неа доминираат две компании.
Иако има пет модели на Apple и пет Samsung меѓу првите 10 најпродавани телефони во светот, Apple доминира на врвот на таа листа и првите четири најпродавани телефони во светот се моделите на iPhone.

Посебно е интересно и изненадувачки што во првите шест месеци од 2023 година, најпродаван телефон во светот е iPhone 14 Pro Max, најскапиот модел на Apple чија цена започнува од 1.100 долари. Во тој период продадени се 26,5 милиони од овие модели, додека втор најпродаван телефон е iPhone 14 Pro, чија продажба достигна 21 милион единици.

Минатата година ситуацијата беше малку поинаква, а најпродаван телефон во првите шест месеци од 2022 година беше iPhone 13, кој беше продаден во речиси 34 милиони единици, додека на второ место беше iPhone 13 Pro Max со 23 милиони продадени единици, а iPhone 13 Pro со 14,8 милиони продадени единици се најде на четвртото место.

Трет најпродаван мобилен телефон оваа година е iPhone 14 (16,5 милиони примероци), а iPhone 13 се уште е многу популарен и е на четврто место со продадени 15,5 милиони единици. Следниот iPhone на оваа листа е моделот iPhone 11 и е на десеттото место со речиси 7 милиони продадени единици.

Сите други места, значи, се окупирани од телефоните на Samsung. На петто место е Galaxy A14 (12,4 милиони продадени примероци), на шесто е Galaxy S23 Ultra (9,6 милиони), а потоа следат Galaxy A14 5G, Galaxy A54 5G и Galaxy A34 5G.

Фото: Pixabay