Кој е наследник на империјата на Миодраг Костиќ: Се вика Александар, има 30 години и оди по стапките на својот татко

1980

Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ почина денеска на 65-годишна возраст, оставајќи зад себе огромна деловна империја. Тој пред пет години се повлече од менаџерските функции, а стратешкото управување со деловниот систем му го препушти на синот Александар Костиќ (30), потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК банка.

Александар тргнал по стапките на својот татко додека бил на училиште и дипломирал економија на Универзитетот Ројал Холовеј во Лондон. Во текот на изминатите години, тој стратешки го водеше развојот и проширувањето на компанијата, вклучувајќи нови инвестиции, процеси за преземањње и спојување, како и консолидација на бизнисот.

Неговите области на експертиза вклучуваат инвестициска и деловна стратегија, финансиски менаџмент, управување со портфолио и средства и банкарство. МК Груп го прошири својот бизнис во секторот на недвижности со проекти во целиот регион Адриа и продолжи со интензивно инвестирање во обновливи извори на енергија и ја зајакна позицијата на компанијата во земјоделско-прехранбениот сектор.

Како потпретседател на компанијата се занимава со стратешки цели, инвестициска политика и деловна политика со посебен акцент на управувањето со ризиците.

Фото:MK Group