Кој е трикот што помага луѓето да ви веруваат?

45

planinarenje

Фото: Pixabay

Една од најголемите заблуди во однос на довербата е дека истата се гради постепено и дека единствени личности на кои можете да им откриете доверливи, лични информации се блиски пријатели или членови од фамилијата што ги познавате со години.

Сепак, психолозите велат дека постои докажана формула што помага за да ја добиете довербата од луѓето за многу пократко време, пишува Бизнис Инсајдер.

Клучот е во тоа да постигнете баланс помеѓу компетентност и топлина за во исто време да изгледате способни и човечни.

За да ја илустрираат оваа теорија во реалниот свет, авторите на книгата Friend and Foe, професорот Морис Швајцер и психологот Адам Галински, користат примери од работата на психијатрите, чија работа е доброволно да ги натераат пациентите да им ги доверат своите најдлабоки грижи и стравови.

Така, многу од психијатрите применуваат една “несмасна” тактика врз пациентите:

Случајно” ќе истурат кафе,

Случајно” ќе им падне молив/пенкало од раката,

Ќе кажат лоша шега и слично.

Истите трикови сосема добро функционираат и во деловниот свет

Во книгата авторите земаат за пример еден американски инженер кој работел во јапонска компанија. Инженерот бил фрустриран зошто секогаш бил запишуван како посетител во записникот од состаноците. Но, откако му се приклучил на тимот на една вечерна караоке забава, тие почнале да го запишуваат како и остатокот од персоналот.

Заклучокот е дека способните луѓе можат да изгледаат подоверливи и полесни за пристап доколку покажат една смешна и помалку несмасна страна. Тоа ќе направи да делуваат почувствителни и потопли.

Ова во голема мера се коси со верувањето што владее дека довербата се гради со години. Таа може да се заслужи многу побрзо со успешна примена на овој трик, тврдат експертите.

Сепак, од исклучителна важност е прво да ја покажете вашата способност пред да презентирате чувствителност. Во спротивно формулата нема да има ефект.

Секако не можете да демонстрирате чувствителност на начин што ќе ја поткопа вашата компетенција. Еден хирург на пример не смее да си дозволи да му испаднат инструментите од рака.

Затоа за луѓето да можат полесно да ви веруваат, најпрво импресионирајте ги со вашето знаење и способност, а потоа покажете им дека сте едноставен човек со чувства и маани како и сите останати.