Кој е за вино од кокос?

82

Производител на вино од Филипините, се надева дека ќе лансира вино од кокос, кое веќе долго време се конзумира во делови од Јужна Азија и Африка, и на светските пазари.

Coconut-Water

Направено од сокот кој се наоѓа во цветовите на палминото дрво, Vino de Coco е планирано да се најде во продавниците во Кина уште овој месец, каде ќе се продава за 100 јуани шише, односно 16 долари, се вели во порталот The Drinks Business.

2241356491196

Додека виното од кокос се смета за вообичаен пијалок во Филипините, американскиот претприемачот со филипинско потекло Џорџ Вакал Паралица, се надева дека пијалокот, познат како tuba, ќе стане хит и на светските пазари.

Компанијата Vino de Coco која се наоѓа во Таклобан Сити на Филипините, нуди 3 различни вина. Црвеното суво вино е опишано како “пијалокот на вистинскиот познавач на вино”.

vino-de-coco

Слаткото црвено вино е десертно вино, односно дигестив кој се пие по јадење, додека белото слатко вино има сладок и лесен вкус и може да се консумира во секое време.

Паралица се надева дека со помош на партнери од Филипините, виното од кокос ќе почне да се извезува во САД и Канада до крајот на годинава.