
Извозот на храна стана една од најјасните мерки за глобалната економска моќ.
Графиконот подолу ги илустрира 30-те најголеми извозници на храна во светот, користејќи податоци од Светската трговска организација. Заедно, овие земји сочинуваат повеќе од 80% од глобалниот пазар за извоз на земјоделски производи вреден 1,5 трилиони долари.

Податоците исто така покажуваат колку е концентрирано глобалното снабдување со храна. Релативно мала група земји денес имаат непропорционално голема улога во хранењето на светот, поради што земјоделската трговија станува сè постратешко прашање, во услови на зголемување на трошоците за транспорт, цените на ѓубривата и геополитичките тензии.
Ранг | Земја | Извоз (2024) | Удел во вкупен гобален износ | Регион |
|---|---|---|---|---|
| 1 | 181,3 Милијарди долари | 12,1% | Северна Америка | |
| 2 | 144,4 Милијарди долари | 9,7% | Јужна Америка | |
| 3 | 74,8 Милијарди долари | 5,0% | Aзија | |
| 4 | 66,3 Милијарди долари | 4,4% | Северна Америка | |
| 5 | 49,9 Милијарди долари | 3,3% | Северна Америка | |
| 6 | 49,7 Милијарди долари | 3,3% | Aзија | |
| 7 | 45,8 Милијарди долари | 3,1% | Oкеанија | |
| 8 | 45,5 Милијарди долари | 3,0% | Aзија | |
| 9 | 41,8 Милијарди долари | 2,8% | Aзија | |
| 10 | 38,7 Милијарди долари | 2,6% | Eвропа | |
| 11 | 37,3 Милијарди долари | 2,5% | Eвропа | |
| 12 | 34,8 Милијарди долари | 2,3% | Јужна Америка | |
| 13 | 33,5 Милијарди долари | 2,2% | Aзија | |
| 14 | 31,4 Милијарди долари | 2,1% | Блиски Исток | |
| 15 | 30,9 Милијарди долари | 2,1% | Eвропа |
Зошто извозот на храна станува сè постратешки
Неодамнешните нарушувања во поморскиот транспорт и повисоките трошоци за енергија го зголемуваат притисокот врз глобалните синџири за снабдување со храна. Бидејќи земјоделството е во голема мера зависно од гориво, ѓубрива и транспортни мрежи, геополитичката нестабилност може брзо да ги зголеми трошоците за производство и транспорт низ целиот свет.
Таа динамика ја зголемува стратешката важност на големите извозници на храна, како што се САД, Бразил, Канада и Австралија, кои имаат обем на производство и инфраструктура за да останат сигурни добавувачи за време на периоди на нарушувања.










