Kој град годинава ја освои титулата најпаметен во светот?

51

Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, e прогласен за најпаметен град за 2021 година на неодамнешното доделување на наградите smartcityexpo во Барселона.

Градот, во кој живеат над 3 милиони жители, бил прогласен за најпаметен град поради планот за управување со отпадот, субвенциите за разделување на отпадот и соодветно намален отпад на локалните депонии, меѓу другото. Во градот од 2012 година се вложуваат напори за поодржливо функционирање и намалување на отпадот.

„Според моето скромно мислење, една работа што градовите би требало да ја научат е дека Владата не може сè да прави сама. Мора да се вклучат и приватниот сектор, граѓанскиот сектор, невладините организации и граѓаните. Инаку, нема да се постигнат резултати“, изјавил Диего Фернандез, секретар за иновации и дигитална трансформација на Буенос Аирес.

За најпаметен град во светот се пријавиле градови од 46 земји.