Кој им е омилен спорт на богаташите?

28

Богаташите располагаат со многу пари, водат големи бизниси, управуваат со бројни луѓе, ресурси…, па сакаат да уживаат во некоја активност што ќе ги релаксира.

Според Wealth X, меѓу лицата кои имаат богатство меѓу пет и 30 милиони долари, најпопуларен спорт е голфот. Податоците покажуваат дека 18,6% од богаташите сакаат да играат или да гледаат голф. Втор најпопуларен спорт меѓу богаташите со 11,6% е фудбалот.

Меѓу спортовите што биле популарни меѓу богаташите се и: скијање, тенис, кошарка, рагби, велосипедизам и бејзбол.

Фото: Pexels