
Во текот на изминатите две децении, Соединетите држави увезоа повеќе стоки од Кина од која било друга земја во светот. Тие денови се сега во минатото.
Ако се запрашате – која земја во моментов е најголем извозник во САД – може да се изненадите: Според новите трговски податоци објавени од Министерството за трговија во средата, тоа е – Мексико!
Јужниот сосед на САД минатата година во земјата испрати стока во вредност од 475,6 милијарди долари, што е зголемување од 5% во споредба со 2022 година.
Истовремено, Кина минатата година извезла стоки во САД во вредност од 427,2 милијарди долари, што е пад од 20 отсто во споредба со 2022 година.
Севкупно, вкупниот трговски дефицит на САД во стоки и услуги (мерка за разликата помеѓу извозот и увозот) изнесуваше 773,4 милијарди долари минатата година, што е пад од 19 отсто во однос на 2022 година.











