Француските домаќинства без деца кои заработуваат најмалку 500.000 евра годишно, привремено ќе плаќаат дополнителен данок, изјави францускиот министер за буџет Лоран Сен Мартен.
Како што е наведено, оваа мерка ќе важи за приближно 65.000 домаќинства во Франција, кои претставуваат 0,3% од даночните обврзници во таа земја, пишува француски Фигаро.
– По години на заштита на работните места, приходите и растот, можеме легитимно да побараме од најбогатите даночни обврзници на оваа земја исклучително, привремено, да учествуваат во овие напори за закрепнување – рече Сен Мартeн.
Министерот посочи дека данокот на доход на другите даночни обврзници нема да се зголемува, а премиерот на Франција, Мишел Барние, претходно овој данок го нарече „исклучителен придонес на најсреќните Французи“.