Кој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

20

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.04/2024 за долгови доспеани до 31.12.2023 и неплатени до 31.03.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.
    На Листата на должници бр.04/2024 објавени се 1831 должници – правни лица (повеќе за 30 од претходната листа) и 3679 физички лица (повеќе за 73 од претходната листа).
    Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2024 изнесува 10.376.482.960 денари, (повеќе за 547.474.254 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.216.129.116денари, (повеќе за 588.809.550 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 160.353.844 денари (помалку за 41.335.296 денари од претходната листа).