Кој од британското семејство ужива најголема популарност?

61

Британското семејство од секогаш било привлечно за јавноста по многу работи. Во последно време, најголемо внимание одвлекува принцот Хари и неговата сопруга Меган поради идејата да се откажат од кралските удобности и да живеат со синот далеку од Обединетото Кралство.

Според YouGov.co.uk, и покрај сè, најголема популарност ужива британската кралица Елизабета Втора со 73%. Втор од кралското семејство што ужива популарност меѓу Британците е постариот син на принцот Чарлс и Дајана, Принцот Вилијам со 65%.

Првата кралска петорка ја заокружуваат Кејт Мидлтон или Војвотката од Кембриџ со 64% популарност, Принцот Хари со 63% и неговиот дедо Принцот Филип со 49%.

Фото: Pixabay