Кој пазар на осигурување во регионот има најголем раст во 2018 година?

86

Фото: Pixabay

Најголем раст во регионот оствари осигурителниот пазар во земјава, а голем раст забележа и пазарот во Хрватска, анализира Indikator.ba.

Прелиминарната статистика покажува дека осигурителните компании во земјава прикажаа вкупна бруто премија во износ од 161,4 милиони евра, што е за 10,4% повеќе на годишно ниво.

Пазарот на осигурување во Босна и Херцеговина минатата година изнесуваше 365 милиони евра, што е за 4,4% повеќе во однос на претходната година.

Бруто пресметаната премија на хрватскиот осигурителен пазар минатата година изнесуваше 1,3 милијарди евра, што е зголемување од 8,8% во однос на 2018 година. Најголем придонес дадоа сегментите на животно осигурување и линија за осигурување на моторни возила.

Пазарот на осигурување во Србија 2018-та година ја заврши со бруто пресметана премија во вредност од 845 милиони евра, што е 7,6% повеќе во споредба со истиот период во 2017 година. Зголемувањето, пред сè, е резултат на поддршката на неживотното осигурување што забележа раст од 8,5% на 644 милиони евра.

Ловќен осигурување е најголема осигурителна компанија за неживотно осигурување во Црна Гора со премија од 30,72 милиони евра, што е за 2,78% повеќе во однос на претходната година, а компанијата контролира 42,91% од пазарен удел. Во Црна Гора постојат четири друштва за животно осигурување и пет за општо осигурување.

Пазарот на осигурување на Косово има вредност од 93,5 милиони евра во 2018 година, што е за 7% повеќе во однос на истиот период лани.