Кој плаќа најскапи комуналии во светот- на кое место е Македонија?

135

Светската база за статистички податоци, Numbeo, објави ажурирани извештаи поврзани со трошоците за живот во земјите во светот, кои се однесуваат на просечните цени на комуналните и другите услуги што граѓаните ги плаќаат секој месец.

Статистиката подготвена од Numbeo се однесува на цените на услугите како што се електрична енергија, греење, вода и собирање отпад.

Статистиката ги опфаќа речиси сите земји во светот, а табелата се одредува врз основа на сумата на пари што треба да се распредели за трошоците за живот во стан од 85 квадратни метри.

Она што може да се забележи според објавената табела е дека областа на Европа, барем кога станува збор за просечните цени на основните услуги, е “најскапиот“ дел од светот за живеење.

Според статистиката на Numbeo, Германија е убедливо најскапата земја кога станува збор за просечната цена на основните услуги, па така граѓаните на оваа земја плаќаат околу 225 евра за месечни сметки.

Меѓу 10-те најскапи земји, има само две неевропски земји, односно Израел и Хонгконг. Жителите на овие области издвојуваат 199, односно 198 евра месечно.

Во табелата на Numbeo, исто така се вклучени и земјите од регионот

Според податоците, Србија е 32-та најскапа земја во светот кога станува збор за основните услуги. Во просек, Србите треба да издвојат 129 евра за основни услуги во стан од 85 квадратни метри, што е приближно иста сума што мора да ја издвојат граѓаните на Јужна Кореја, Литванија и Босна и Херцеговина.

Кога станува збор за остатокот од регионот, убедливо најскапата земја за живеење е Словенија, која е на петтото место на оваа табела. За основните услуги во оваа земја, граѓаните треба да издвојат речиси 200 евра.

Другите земји во регионот се сместени нешто пониско на листата, па така Хрватска е на 20-то место, а според податоците во оваа земја, 159 евра треба да се издвојат за комунални услуги.

БиХ е на 35-то место со трошоци за основни услуги од 124 евра, а “поевтини“ земји во регионот според овие статистики се Северна Македонија (49-то место) каде за основни трошоци потребно е да се одвојат 97 евра, Црна Гора (50-то место) каде што е потребно да се одвојат 95 евра, и Албанија (63-то место), каде што трошоците се околу 70 евра.

“Најевтина“ земја за живеење, барем кога станува збор за регионот, е Косово, каде што граѓаните треба да платат 54 евра за основните услуги.