Кој произведува најмногу челик?

56

Руското производство на челик во 2023 година се зголемило за 5,6 отсто на годишно ниво на 75,8 милиони тони, објави Светската асоцијација за челик (WSA).

Во 2023 година Кина сè уште е доминантен светски производител на челик со 1,019 милијарди тони, а второто место го зазеде Индија со 140,2 милиони тони челик и раст на производството од 11,8 отсто на годишно ниво, пренесува ТАСС.

Јапонија го зазеде третото место со произведени 87 милиони тони челик, и покрај тоа што производството во земјата падна за 2,5 отсто на годишно ниво.

Јужна Кореја, Германија, Турција и Бразил се меѓу првите десет најголеми производители на челик во светот.