Кој сè го бојкотира Facebook?

73

Microsoft се приклучи на растечкиот список на компании кои паузираат од рекламирање на социјалната мрежа Facebook.

Според извештајот на Bloomberg, повикувајќи се на интерно соопштение на маркетинг експерт од компанијата Microsoft, Крис Капосела, рекламирањето ќе биде суспендирано сè додека не се издаде ново известување.

Откако одлуката стана јавна, се отворија прашања во врска со логиката која стои зад тоа, со оглед на тоа дека станува збор само неколку дена откако Microsoft објави дека ќе биде партнер со Facebook Gaming платформата.

Изминатата недела голем број на големи брендови како што се Coca – Cola, Honda, Unilever, Ford и Starbucks објавија дека, барем привремено, нема да ги трошат своите пари на рекламирање на популарната социјална мрежа.

Facebook неодамна ја разбранува јавноста поради своите деловни политики, односно поради што тие овозможуваат говорот на омраза да остане видлив на платформата. Компаниите изразија загриженост поради можноста покрај вакви несоодветни содржини да ги поставуваат нивните реклами.

Фото: Facebook