Кој загуби и кој заработи најмногу пари годинава

51

Оваа година беше многу лоша за светските милијардери кои изгубија огромен дел од своето богатство.
Најмногу загубиле сопственикот на Тесла и Твитер, Илон Маск. Неговото богатство оваа година е намалено за неверојатни 132 милијарди долари.

Тој се уште има 139 милијарди и е вториот најбогат човек во светот, пишува BiznisInfo.ba.

Сопственикот на Amazon, Џеф Безос, оваа година е во минус за 84 милијарди и падна на петтото место меѓу светските милијардери.

Моментално најбогат Французин е Бернар Арно со 159 милијарди, иако годинава изгубил и околу 19 милијарди долари.

Индиецот Гаутам Адани е единствениот во топ 10 светски милијардери кој годинава го зголемил своето богатство за речиси 34 милијарди долари и моментално е трет најбогат човек во светот.