Кој збор не го употребуваат успешните претприемачи?

31

zbor

Фото: Pixabay

Постои збор што успешните претприемачи никогаш не го употребуваат. Сигурно се прашувате кој е тој збор?

Живееме во време на економска криза и секојдневно се затвораат компании. Работата што ја имаме не ни е загарантирана и секој ден можеме да добиеме отказ. И што потоа?

Џон Брендон од inc.com вели дека откако го отпуштиле од работа, со пријател одлучиле да основаат сопствена компанија. Изнајмиле валкан канцелариски простор во задниот дел на мала продавница. Со големи надежи почнале да се среќаваат со потенцијалните клиенти, го направиле логото и купиле канцелариски материјали. По еден месец, почнале да пропаѓаат. Лицето задолжено за продажба не било заинтересирано за вршење на службената дејност, а тие не знаеле како се менаџира бизнис. Но, тоа не бил најголемиот проблем, туку употребата на зборот НЕУСПЕХ.

Во меѓусебните разговори тие континуирано го употребувале зборот НЕУСПЕХ. Компанијата не успеала да го постигне целосниот потенцијал. Не успеале да привлечат нови клиенти. Не успеале да се пласираат на пазарот. На крај одлучиле дека треба да ја затворат компанијата.

Ставиле “катанец“ на компанијата, наместо да вработат нов продажен кадар, да се дообучуваат во полето на бизнис менаџмент, да се мотивираат и да си постават долгорочни цели.

Дали НЕУСПЕХОТ е опција за вас?

Доколку сте одлучиле да основавате компанија, сфатете дека зборот НЕУСПЕХ не го користат претприемачите. Едноставно не е во нивниот вокабулар.

Секој почеток е тежок, но со позитивни мисли и напорна работа ќе изнајдете решенија на сите препреки што ќе застанат на патот кон вашиот успех.