Која е Линда Јакарино, жената која за 6 недели ќе го замени Маск на чело на Твитер

113

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, синоќа објави дека го нашол вистинскиот кандидат за функцијата извршен директор на оваа социјална мрежа, а американските медиуми дознаваат дека тоа е Линда Џакарино.

Според Wall Street Journal, таа е во преговори да стане нов извршен директор на Twitter, а моментално е претседателка на глобалното рекламирање и партнерства во NBC Universal.

Според американскиот весник, Џакарино работела во NBCU повеќе од една деценија и била застапник за изнаоѓање подобри начини за мерење на ефективноста на рекламирањето.

Дипломирала на познатиот универзитет Пен Стејт, каде студирала либерални уметности и телекомуникации, пишува порталот NDTV.