Која е Мелинда Гејтс?

106

Мелинда Гејтс има 56 години, до пред некој ден му беше сопруга на Бил Гејтс и мајка на три деца. На светот му е позната како сопруга на еден од најбогатите луѓе во светот, но и голема хуманитарка. За Мелинда се знае дека рамо до рамо со Бил го создаваа царството на Microsoft од 1987-ма година.

Се зборувало дека Мелинда посакала да стави крај на скоро три деценискиот брак од моментот кога Мекензи Скот се разведе од сега најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос.

Бил и Мелинда немале предбрачен договор, па се смета дека целото стекнато богатство ќе се подели на два дела.

Мелинда и Мекензи започнале заеднички проект под името Еднаквоста не може да чека, којшто има за цел финансирање на компании што го поддржуваат влијанието и правата на жените. Бидејќи двете жени имаат многу заеднички работи, сес смета дека одлуката на Мекензи била главна причина Мелинда да поднесе документи за развод.

Неколку интересни факти за Мелинда Гејтс

Кога завршила факултет, Мелинда добила понуда за работа во IBM и во Microsoft. Кога дошла на разговор во IBM, менаџерката за човечки ресурси ѝ предложила да оди во Microsoft бидејќи таму има големи шанси да напредува.

Мелинда била ќерка на инженер на програмата Аполо, па гледала голем број лансирања на ракети.

Со Бил ја основаа една од најголемите фондации во 2000-та година, а во една прилика открила дека ја оформиле организацијата по посета на Африка во 1993-та година.

Таа планира голем дел од богатството да го даде во хумани цели.

Фото: Facebook