Која е најбогата нација во светот?

26

Жителите на Соединетите Американски Држави се најбогата нација во светски рамки, оставајќи ги жителите на Швајцарија на второ место, покажува истражувањето на германската осигурителна компанија Allianz.

Просечниот нето финансиски имот на луѓето кои живеат во САД изнесува 184.411 евра по глава жител, додека на вицешампионското место се жителите на Швајцарија со нето приватно богатство од 173.838 евра. На трето место се жителите на Сингапур, каде нето богатството по глава жител е 100.370 долари.

Причината поради којашто жителите на САД се најдоа на врвот на оваа листа е поради силата на доларот, бидејќи две третини од сите заштеди во индустриските земји потекнуваат од САД.

Фото: Pixabay