Која е “најпаметната “ фабрика во светот?

67

Роботика, 3D печатач, паметна анализа на податоци… целосна употреба на новите технологии значат квалитетно производство, минимизирање на грешките и поголема ефикасност со пониски трошоци. Во оваа фабрика акцентот е ставен на автоматизирање на процесите, машинско учење и анализа на податоци во реално време.

Вака изгледа профилот на фабриката на автомобилската групација BMW во германскиот град Регензбург.

Оваа фабрика, како што беше истакнато од страна на Светскиот економски форум, е фабрика на иднината и предводник на четвртата индустриска револуција. Над 3.000 поврзани машини, роботи и автономни системи за транспорт и логистика се меѓусебно поврзани и во континуитет соработуваат.

Проценките се дека ваквите фабрики ќе имаат импакт од 1,5 илјади милијарди долари врз глобалната економија во следните три години.

Но, еден од главните проблеми за компаниите од овој профил ќе биде работната сила, односно обучување на работниците за да можат да работат во склад со технолошките иновации и новитети. За да ги стекнат потребните вештини, тие можат да ги совладаат преку виртуелни игри.

Фото: Pexels