Која е најпродаваната видеоигра во последната деценија?

76

Иако Minecraft моментално е најпопуларната видеоигра на сите времиња, Grand Theft Auto V полека успева да се искачи на врвот.

Take Two Interactive објави дека од GTA V досега се продадени повеќе од 155 милиони примероци. Играта која ја креира Rockstar Games се приближува до рекордот кој и понатаму го држи Minecraft со речиси 238 милиони продадени копии.

Според достапните податоци, GTA V е најпродаваната видеоигра во претходните 9 години на пазарот во САД.

GTA франшизата оствари продажба од 355 милиони копии досега што значи дека само GTA V речиси го надмина остатокот од франшизата по продажба.

Во текот на март 2022 се очекуваат и Expanded и Enhanced верзии од играта.