
Германската софтверска фирма SAP стана највредната европска технолошка компанија денес, откако холандскиот производител на чипови ASML загуби повеќе од 60 милиони евра од пазарната вредност поради намалените изгледи за приходи од продажба во 2025 година.
Акциите на SAP пораснаа за 52 отсто оваа година бидејќи компанијата со седиште во Валдорф имаше корист од порастот на приходите од облак компјутерите и зголемената побарувачка за апликации кои користат вештачка интелигенција (ВИ).
Наспроти тоа, вредноста на акциите на АСМЛ падна за 16 отсто и вчера вкупната пазарна вредност на компанијата на берзата Еуронекст во Амстердам се проценува на 258,89 милијарди евра..











