Која е Нгози Оконио Ивеала?

45

Поранешната нигеријска министерка за финансии, Нгози Оконио Ивеала е именувана за прва жена и Африканка која ќе застане на чело на Светската трговска организација (СТО).

Експертите за меѓународни финансии ја опишуваат како добар преговарач, а своето работно искуство го стекнала во Африка, Азија, Европа и Америка.

Шеесет и шестгодишната Ивеала е дел од надзорниот одбор на Twitter и во сојузот за вакцини Gavi. Неодамна беше именувана како посебна пратеничка на Африканската унија за пристап на континентот до средства за борба против коронавирусот.

Таа 25 години работела во Светска банка како економистка задолжена за одржлив развој, брзо застана на раководна позиција, станувајќи извршен директор во нејзиниот оддел. Предводеше неколку иницијативи на Светска банка за помош на сиромашни држави во текот на прехранбени и финансиски кризи, собирајќи над 40 милијарди долари за Меѓународното здружение за развој, што е огранок на Светска банка за поддршка и поволни кредити за неразвиените земји.

Двапати беше министерка за финансии на Нигерија, меѓу 2003-та и 2006-та и 2001-та и 2015-та година, а во 2006-та краток временски период беше и министерка за надворешни работи.

Како министерка за финансии, имплементираше опсежна економска реформа што ја стабилизираше нигериската економија, трипати го зголеми економскиот раст и ја подобри транспарентноста во земјата што е силно зафатена од корупција.

Нигеријците ја сметаат за жена која ја спаси државната економија. Како министерка водела преговори спо Парискиот клуб на кредитори кои во 2005-та година избриша 30 милијарди долари долг на Нигерија.

Студирала на Харвард и МИТ, има 15 почесни титули од универзитети ширум светот. Авторка е на многу книги и статии за финансии и економија.

Неколку пати е прогласувана за една од најдобрите светски лидери и највлијателни луѓе во светот.

Фото: Facebook