Која е разликата меѓу домар и директор?

419

Стив Џобс многу очекувал од себе, но и од другите. Најмногу очекувал од соработниците кои биле поставени на раководни позиции.

Авторот Џон Росман во својата книга има пренесено една интересна анегдота за Џобс.
Имено, кога некој од вработените добивал висока функција, Џобс ќе му раскажел кратка приказна:

Еднаш ѓубрето од мојата канцеларија не беше изнесено и побарав објаснување од домарот. Домарот рече дека вратата од канцеларијата била заклучена, а тој немал клуч. Одговорот на домарот е разбирлив. Домарот не може да ја работи својата работа без клуч. На домарот му е дозволено да има изговори. Но, некаде помеѓу домарот и луѓето на раководни позиции во компанијата изговорите не важат. Оправдувањата и изговорите престануваат да постојат.

Со други зборови, кога вработениот ќе стане потпретседател на компанијата, мора да се ослободи од сите изговори за неуспех. Потпретседателот е одговорен за грешките што ќе се случат, и не постои оправдување“, раскажува Џобс.

Ако сакате да бидете успешни, мора да најдете решение за секој проблем и да заборавите на изговорите. Решение секогаш постои, но некогаш е потребно повеќе да се потрудиме и да размислиме поинаку за да дојдеме до него.

Патот до врвот најчесто зависи од способноста на решавање на секојдневни проблеми.

Фото: Pixabay