Која е разликата помеѓу малите и големите бизниси?

1699

question-mark

Фото: Pxabay

Честопати може да се слушне од малите бизниси дека големите им правеле пречки и не можат да успеат токму заради тие големи бизниси. Голем број на претприемачи се жалат дека нивните добри бизнис идеи не успеале затоа што биле слични со идеите на некои големи бизниси. Во продолжение, прочитајте која е разликата помеѓу малите и големите бизниси:

Крактеристики на големите бизниси: 

  • Имаат огромна финансиска моќ
  • Имаат голем потенцијал на човечки ресурси
  • Имаат големи потрошувачи
  • Вложуваат многу пари во маркетинг
  • Имаат пониски цени, заради попусти на обемот на нарачки што ги добиваат
  • Имаат големи залихи
  • Грешките можат да се толерираат
  • Не даваат дополнителни услуги
  • Тешко се менуваат или им треба повеќе време
  • Не можат да имаат лични односи со потрошувачите

Крактеристики на малите бизниси: 

  • Немаат финансиска моќ
  • Слаби се со човечки ресурси
  • Немаат големи потрошувачи
  • Немаат доволно финансии за маркетинг
  • Добиваат повисоки набавни цени, заради мал обем на нарачки
  • Не држат големи залихи
  • Грешките можат да бидат кобни
  • Даваат дополнителни услуги на потрошувачите
  • Имаат голем потенцијал за брзо прилагодување
  • Одржуваат лични и блиски односи со потрошувачите

Но, каде е клучот на успехот на малите бизниси?  Предноста може да се побара и да се искористи во следниве карактеристики:

  • Бидејќи немаат големи финансии за маркетинг, малите бизниси се инвентивни и користат различни ниско буџетни маркетинг тактики, кои може да бидат поинтересни и поблиски за потенцијалните потрошувачи.
  • Бидејќи не држат големи залихи, не плаќаат за складишта, како ни за трошоци за одржување на залихи, со тоа компензираат дел од повисоките цени за набавка во однос на големите бизниси.
  • Бидејќи грешките може да бидат кобни како за претприемачот така и за бизнисот воопшто, претприемачите на малите бизниси се доста претпазливи. Тие имаат посебна карактеристика да превземаат пресметан ризик.
  • Заради повисоките цени воведуваат различни дополнителни услуги (без потребна бирократија на големите) кои можат да бидат од големо значење за потрошувачите, што претставува предност во однос на големите бизниси.
  • Малите бизниси имаат особина на брзо прилагодување, што кај големите заради бирократијата потешко се изведува, што претставува вистинска предност на малите.
  • Малите бизниси се поблиски со потрошувачите и на секој потрошувач (голем или мал) можат да му обрнат посебно внимание при услужувањето, што претставува предност во однос на големите бизниси.
  • Малите бизниси, напаѓаат постојано, но без ризик да бидат смачкани од големите бизиниси.

Извор: Чекори за самовработување на младите – прирачник од Оливера Трајковска