Која европска држава увезува најмногу огномет

70

За една година, 128.000 тони огномет во вредност од 319 милиони евра се увезуваат во земјите на Европската унија, а дури 99% се од Кина, покажуваат податоците за 2018 година што ги објави Еurostat.

Над три четвртини од огнометот го увезуваат четири земји од ЕУ, а најголем увозник е Германија, со 34% од увезениот или 43.000 тони. Следат Холандија, со скоро четвртина од увозот во ЕУ, Полска со 12% и Велика Британија којашто увезува 10.000 тони огномет или 8% од вкупниот увоз на ЕУ.

Меѓу земјите од ЕУ коишто се најблиску до нас најголем увозник е Бугарија со 1.654 тони, Хрватска којашто во 2018 година увезе 847 тони, по што следат Романија и Словенија, додека Унгарија е на крајот на листата со увоз од само 200 килограми.

Фото: Pexels