Која европска земја има најголем број автомобили на илјада жители?

26

Во деценијата од 2012 до 2022 година просечниот број се зголемил за 14,3 отсто, односно од 490 на 560 патнички автомобили на 1.000 жители.

Најмногу автомобили има во Италија со 684 патнички автомобили на 1000 жители, а потоа следат Луксембург (678), Финска (661) и Кипар (658). Од друга страна, најниска стапка има Латвија со 414 патнички автомобили на 1000 жители, а потоа следат Романија (417) и Унгарија (424).

Податоците покажуваат дека земјите од централна и источна ЕУ забележале високи стапки на раст помеѓу 2012 и 2022 година. Меѓу земјите на ЕУ, Романија забележа најголем раст на бројот на патнички автомобили на 1.000 жители (+86,2 отсто; +193), а потоа следи Хрватска ( +44,8 отсто; +152), Унгарија (+40,9 отсто; +123), Словачка (+40,1 отсто; +135) и Естонија (+39,7 отсто; +181).

Оваа информација доаѓа од податоците за сообраќајните статистики објавени од Еуростат.