Која европска земја нуди најдобар дигитален квалитет на живот?

46

Данска има најдобар дигитален квалитет на живот во Европа, според индексот што ги мери факторите како што се пристапноста на интернет, безбедноста и квалитетот.

Во својот индекс за дигитален квалитет на живот за 2022 година, холандската VPN компанија Surfshark рангираше 117 земји, а европските земји ги заземаа најголем дел од првите места.

Израел беше прворангиран на глобално ниво, додека Данска, Германија, Франција и Шведска останаа меѓу првите пет, пишува Инвеститор.ме.

Во глобалната топ 10 се и Холандија, Финска и Велика Британија, што значи дека седум од првите 10 се европски земји. Јапонија (8-мо место во светот) и Јужна Кореја (10-то место) беа, заедно со Израел, единствените неевропски земји на највисоко рангирање.

На дното на рангирањето за Европа се Босна и Херцеговина (80. глобално), Црна Гора (75. глобално) и Белорусија (69. глобално).

Мал број европски земји не се вклучени во извештајот, како што е Исланд.

Еуроњуз објави дека рангирањето се заснова на резултати кои мерат пет индикатори и тоа: пристапност на Интернет, квалитет на интернет, електронска инфраструктура, електронска безбедност и електронска влада.

Достапноста се одредува според тоа колку време луѓето треба да работат за да си дозволат широкопојасна или мобилна интернет конекција. Според индексот, Германија има најпристапен интернет во Европа, на трето место во светот зад Израел и Ерменија.

Квалитетот се однесува на брзината и стабилноста на поврзувањето, додека рејтингот на инфраструктурата се базира на тоа колку е добро развиен и инклузивен пристапот до електрична енергија. Данска беше водечка европска земја и по квалитет и по инфраструктура.

Електронската безбедност се мери според тоа колку безбедни и заштитени се чувствуваат луѓето на интернет, како и прашањата за сајбер безбедноста, како што се приватноста и способноста за спротивставување на сајбер криминалот.

Грција е рангирана не само на највисокото место во Европа, туку и на највисокото место во светот според дигиталната безбедност, а потоа следат европските земји: Литванија, Белгија, Чешка и Германија.