Која индустрија во ЕУ генерира околу 96 милијарди евра годишно

49

Европскиот пазар игра клучна улога во глобалната индустрија за мебел. Европа е втора во светот за производство на мебел и е дом на некои од најголемите и најважните компании во светот.

Германија, Италија и Полска се главните земји кои извезуваат мебел на глобално ниво. Европа има долга историја на производство на мебел, а исто така е светски лидер во премиум сегментот на пазарот за мебел.

Поради зголемувањето на животниот стандард и поголемите приходи, потрошувачите почесто го менуваат својот мебел. Се проценува дека пазарната вредност на мебелот во ЕУ во 2020 година е околу 96 милијарди евра, со пазарен удел од околу 20 % од вкупната пазарна вредност на индустријата за мебел во светот.

Фото: Pixabay