Развивачот на софтвер за анализи, MicroStrategy, предводен од Мајкл Сејлор, купил 7.000 нови биткоини од почетокот на четвртиот квартал од 2021 година, или помеѓу 1 октомври и 29 ноември, пишува Insider.
Просечната цена за стекнување е 59.187 долари за биткоин. Ова е многу пониско од рекордот од 69.044 долари постигнат на 10 ноември, но малку над сегашната цена од речиси 56.518 долари.
Со најновите аквизиции, MicroStrategy веќе има 121.044 токени.
Потсетуваме дека една од главните причини за достигнување на историската цена на биткоинот во ноември е лансирањето на првиот фонд за берзанско тргување со фјучерси на најпопуларната криптовалута.
И покрај неодамнешната нестабилност, Сејлор го одржа своето ветување дека ќе продолжи да ги зголемува инвестициите на компанијата во биткоини.
„Компанијата ќе продолжи да купува биткоини, квартал по квартал, без разлика дали е со свои или позајмени средства, а тоа ќе зависи и од пазарните околности и од интересите на акционерите“, рече тој претходно овој месец во интервју за CNBC.
MicroStrategy сега има 121.044 биткоини, купени по просечна цена од 29.534 долари. Според денешните цени, ова претставува инвестиција од речиси 7 милијарди долари, по цена од 3,57 милијарди долари за купување биткоини.
Од почетокот на 2021 година, акциите на MicroStrategy забележаа раст од 75%.
Сепак, ова не е единствената голема компанија со сериозни инвестиции во биткоин. Производителот на електрични автомобили Tesla на Елон Маск, има 42.902 биткоини за 2,45 милијарди долари, додека Square на Џек Дорси има 8.027 биткоини за 459,5 милиони долари.











