Која премиерка петпати го зголеми минималецот за четири години

95

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн ги зголеми минималната плата и даноците за најбогатите.

Претходно, таа ги повика компаниите да воведат четиридневна работна недела за време на пандемијата. Минималната плата е покачена на 20 долари на час, а оние со највисоки плати ќе плаќаат данок од 39% во иднина.

Зголемувањето на минималната плата ќе влијае на околу 175.000 работници. Според ОЕЦД, Нов Зеланд досега беше меѓу петте земји со највисока минимална плата во светот. Џасинда Ардерн постепено ја зголемуваше минималната плата во текот на изминатите четири години.Во 2017 година, беше пет пати помалa, на ниво од 4,25 долари. 

Фото: Pixabay