
Американскиот бизнисмен и милионер Мет Хигинс, ко-основач и извршен директор на RSE Ventures, верува дека сите успешни луѓе имаат една заедничка вештина.
Луѓето кои напредуваат се чувствуваат удобно со концептот на промена, рече Хигинс на виртуелниот настан на CNBC.
– „Обидете се повеќе“ не значи дека треба да „пробате исто“. Најуспешни луѓе се оние чија првична идеја воопшто не се совпаѓа со онаа пет години подоцна – додава тој.
Сепак, тој смета дека на луѓето им треба време да прифатат радикални идеи, особено кога создаваат нешто ново.
– За да бидеш успешен во животот… треба да носиш малку пркос, малку воинственост, додека конечно не се појават луѓето – објаснил милионерот.
Како да се изгради самосвест?
За да изградите самосвест, започнете со идентификување во што сте добри, во што сте лоши и што е важно за вас, рече поранешниот потпретседател на Google, Хјуз Џонсон.
Луѓето кои ги повторуваат своите грешки често сè уште немаат развиено доволно самосвест, истакна Хигинс.
„Луѓето кои имаат тенденција да го прават истото одново и одново… тоа е затоа што се плашат да се соочат со своите внатрешни демони“, рече Хигинс, додавајќи:
– Фокусирајте се на вашиот ум и тренирајте го гласот во вашата глава да биде ваш сојузник, а не вашиот најголем клеветник – заклучува тој.
Фото: Facebook











