
Секоја година европската агенција за статистика Еуростат објавува извештај за квалитетот на животот во европските земји. Тие ги рангираат земјите врз основа на анкета и целта на истражувањето е да ги долови трендовите во субјективната благосостојба на европските граѓани врз основа на индикаторите за задоволство од животот во одредени земји.
Врз основа на истражување и анализа на многу димензии на квалитетот на животот, вклучувајќи ги економските и социјалните фактори, Австрија е најдобрата земја за живеење во Европа. Австрија доби вкупна оценка 7,9 од 10, што ја става на првото место.
Граѓаните на земјите-членки на ЕУ просечно го оцениле своето задоволство од животот со 7,1, што е натпросечно. По Австрија, на второто место се Финска, Полска и Романија со 7,7.
Во просек се и Италија, Шпанија и Франција со 7., а најлошо се Германија и Бугарија. Германија има оценка за квалитет на живот од 6,5, а Бугарија е единствената земја од ЕУ со оцена под 6. Бугарија е оценета со 5,6. Од земјите во регионот најдобро рангирана е Словенија која има оценка 7,5, додека Хрватска е оценета со 6,8.
Истражувањето за квалитетот на животот е претставено преку неколку категории. Тоа се материјални услови за живот, услови за домување, вработување, образование, здравство, слободно време, социјални односи, безбедност, владеење и животна средина. Тие заедно одредуваат единствена оценка за целокупното животно задоволство на граѓаните.











