Која земја е новиот рај за милионерите

275

Две силни економски сили деновиве се соочуваат со сериозни предизвици, особено Обединетото Кралство.

Оваа европска земја, наводно, го губи статусот на „рај“ за супербогатите, што не е чудно со оглед на претходните настани – од Брегзит до рекордна инфлација.

Повеќе од 1.000 милионери  ја напуштиле Велика Британија во 2022 година, објавија во петокот неколку медиуми, повикувајќи се на студија на консултантската компанија за инвестициска миграција Henley & Partners.

Според информациите, минатата година Британија ја напуштиле 1.400 поединци со богатство од повеќе од милион долари.

Се вели дека најновите заминувања го следат трендот што започна непосредно по гласањето за Брегзит во 2016 година, кога Велика Британија ги прекина врските со ЕУ.

Вкупно оттогаш Обединетото Кралство ја напуштиле околу 12.000 милионери, проценува „Henley & Partners“. Пред гласањето за Брегзит, Обединетото Кралство регистрираше прилив на богати поединци.

Наместо Обединетото Кралствои Лондон, како поранешен финансиски центар, многу милионери сега ги бараат Блискиот Исток и Азија: тамошните земји им изгледаат како „потенцијално ветувачки“ дестинации за преселување, според консултантската компанија.

На пример, се проценува дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) забележале најголем прилив на милионери минатата година.

Една неодамнешна студија на Центарот за европски реформи покажа дека Брегзит веќе ја чинеше економијата на Обединетото Кралство околу 33 милијарди фунти (40 милијарди долари), а Канцеларијата за буџетска одговорност на ОК неодамна пресмета дека последиците од референдумот за Брегзит во 2016 година – ќе го намалат БДП на Обединетото Кралство за 4% во текот на 15-годишниот период од 2016 до 2031 година, или за околу 100 милијарди фунти.

А на другата страна на светот, ни во Јапонија, не е сјајно.

Во 2022 година, третата по големина економија во светот го забележа првото зголемување на бројот на банкроти на компании во последните три години, покажува новото истражување на корпорацијата „Теикоку Датабанк“.

Извештајот покажа дека лани банкрот прогласиле вкупно 6.376 компании, што е за 6% повеќе од 2021 година.

Вкупниот долг на тие фирми се зголеми за речиси 104% на 2,37 трилиони јени, или повеќе од 18 милијарди долари, но речиси половина од тоа дојде од снабдувачот на автоделови Marelli Holdings, кој поднесе барање за заштита од стечај во јуни.

Единствената индустрија која не забележа зголемување на бројот на стечајци меѓу компаниите е трговијата, се вели во извештајот. Во меѓувреме, секторот на услуги, кој вклучува хотели, невладини организации, училишта за јазици и други, беше еден од најтешко погодените.

Податоците покажаа дека лани стечаи поднеле 1.600 услужни компании, што е за 12,4 отсто повеќе од 2021 година. Регионот со најголем пораст на бројот на банкроти е Тохоку (50% повеќе од 2021 година).