Која земја од регионот има најевтин широкопојасен интернет

133

Најевтиниот поединечен пакет широкопојасен интернет во светот е во Украина, додека Србија и Босна и Херцеговина се најевтини во регионот, покажа новата студија на Cable.co.uk, споредувајќи 3.288 понуди за широкопојасен интернет во 211 земји помеѓу 29-ти октомври и деветти декември.

Украинскиот широкопојасен пакет чини само 6,41 долари месечно. Во С. Македонија чини 29,79 долари и се наоѓа на 54-то место, Босна и Херцеговина е рангирана на 36-то место на оваа листа со просечна цена од 21,67 долари. Во Србија чини 18,24 долари месечно (29-то место на списокот) и поевтин отколку во Хрватска (27,21 долари, 45-то место), Црна Гора (27,85 долари, 47-мо место) и Словенија (36,41 долари, 70-то место).

Пет од 10-те најевтини земји во светот се наоѓаат во поранешниот СССР, вклучувајќи ја и Руската Федерација со просечна цена на пакетот од само 7,50 долари месечно, во Казахстан, Молдавија и Белорусија.

Фото: Pixabay