Кока-Кола инвестира 21 милион евра во Романија

41

Гигантот за безалкохолни пијалоци Кока-Кола, преку Кока-Кола Романија и Кока-Кола ХБЦ Романија, објави дека завршил два инвестициски проекти во земјата во вредност од 21 милион евра.

Двете компании наведуваат дека инвестирале 384 милиони евра во нивниот бизнис во последните 30 години или откако влегле на пазарот таму.

За последните две години, вкупната инвестиција изнесува 33 милиони евра, пишува Романија инсајдер.

Од годинашната инвестиција, 19 милиони евра се упатени кон веќе отворената фабрика во градот Плоешти, каде што ќе се флашира брендот ладен чај Фазти.

Остатокот од износот беше насочен кон воведување на нови технологии во производството на компанијата во градот Темишвар.