Кока Кола најави дека ќе престане да ги рекламира своите производи на деца помлади од 12 години, пренесува Wall Street Journal. Од компанијата најавија и дека на сите светски пазари ќе извади пијалоци без или со ниско количество на калории. Притоа, бројот на калории ќе биде истакнат на етикетите. Кока Кола најави и дека ќе спонзорира повеќе програми за физички активности. Овие потези доаѓаат како одговор на критиките за поврзаноста на пијалоците на Кока Кола и другите произведувачи на газирани и слатки пијалоци со прекумерната дебелина.
Кока Кола веќе нуди диетални и нискокалорични верзии на својот најпопуларен пијалок, како Coca Cola Zero. Продажбата на овој пијалок во САД сочинува 41% од вкупната продажба на сите видови на Кока Кола пијалоци, но на другите пазари нивниот удел е многу мал.
“Од клучно значење е да обезбедиме на сите пазари на кои сме присутни да имаме пијалоци без и со ниско количество калории. Денес ја немаме таа постојаност на пазарите во светот”, изјави извршниот директор на Кока Кола, Мухтар Кент.