Колапс на Балканот: Црна Гора, БиХ, Албанија и делови од Хрватска останаа без струја!

74

Снема струја во голем дел од Балканот. Без струја остана речиси целата област на Црна Гора, БиХ, Албанија и делови од Хрватска.

Речиси целото подрачје на Црна Гора остана без струја, соопшти денеска Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).

Како што се наведува, проблем е прекин на мрежата на црногорскиот електропреносен систем.

Весникот „Побједа“ пишува дека избувнал пожар на далновод и дека не се знае кога ќе се реши проблемот.

Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС) соопшти дека снемало струја поради прекин на мрежата на црногорскиот електропреносен систем (ЦГЕС).

Од градовите во Црна Гора струја имаат само Пљевља и Жабљак, пишува Подгорица Вијести.

И Далмација без струја

Претходно, хрватските медиуми објавија дека речиси цела Далмација останала без струја, како и дека проблемот настанал поради дефект на системот во Црна Гора, со кој Далмација е приклучена на мрежата.

Поголем дел од Далмација денеска околу 12:25 часот остана без струја, јавија хрватските медиуми.

Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Каштела, Солин, Задар, Стариот град Пакленица и други места, пренесува Index.hr, додека други медиуми јавуваат дека цела Далмација е без струја.

 БиХ без струја

Ширум Босна и Херцеговина, граѓаните пријавуваат и прекин на електричната енергија.

Според информациите до кои дојде Klix.ba, поголемиот дел од Босна и Херцеговина остана без струја, вклучувајќи ги Сараево, Зеница, Бања Лука и остатокот од земјата.

Целиот електроенергетски систем на Босна и Херцеговина падна и речиси целата земја нема струја.

Според корисниците на социјалните мрежи, по прекинот на струја исчезнала и водата.

Снемало струја и во Албанија

Повеќето градови во Албанија денеска останаа без струја, а според првите информации причина е дефект на високонапонските водови.

Без струја останаа Тирана, Драч, Елбасан, Ѓирокастро, Кукеши, Лежа, Саранда и Скадар, пишува „Албаниан пост“.

Порталот наведува и дека не се знае кога ќе се санира дефектот и потсетува дека денешниот ден се предвидува да биде најтоплиот ден во јуни, со температури до 41 степен, пренесе Блиц.рс.