Зголемувањето на даноците и на инфлацијата се главните причини за кризата во угостителството во Ирска, каде повеќе од 600 сопственици на ресторани во текот на годината беа принудени да ги затворат своите објекти. Меѓу нив се и познати ресторани во Даблин, пренесува лондонски Гардијан.
Од познатите угостителски брендови кои не успеаја да ја надминат последната економска криза е и веганскиот ресторан кој е отворен пред 37 години. Овој угостителски објект ги надживеа сите претходни економски кризи и пандемијата, но сега мораше да ги затвори вратите за гостите поради комбинација на фактори, како што се даноците, инфлацијата, но и работата на луѓето од дома.
Здружението на сопственици на ресторани во Ирска соопшти дека во просек по два ресторана, кафулиња или други објекти за исхрана, се затвораат секој ден што е значителен удар за угостителскиот сектор во Ирска, која е позната по традиционалното гостопримство.
Сопствениците на ресторани организираа и протестен марш пред националниот парламент за да побараат поддрршка од ирската влада. Од здружението на угостители реагираат на одлуката за зголемување на ДДВ за 50 отсто односно од девет на 13,5 отсто.
Ирскиот министер за финансии Џек Чејмберс во предлогот за буџетот за наредната година најави само еднократна помош од 4.000 евра заради покривање на трошоците за енергија, но не го спомена и намалувањето на даноците за угостителите.