Колеги во шатори: Компанија дизајнираше решение за open space концепт

81

Враќањето во канцеларија беше тешко за вработените од повеќе причини. Пред сè затоа што удобноста на својот дом мораа да ја заменат за стерилна просторија, но и да се вратат во деловниот свет на комуникација со колегите.

Но, американската компанија Steelcase дизајнираше шатори за канцеларии, кои на вработените им овозможуваат удобност „како да се дома“.

Лесни за движење наоколу, шаторите го блокираат визуелното одвлекување на вниманието, но исто така создаваат заштитена приватност, пренесува designboom.
Првичната студија на проектот дојде од Универзитетот во Висконсин и се вртеше околу приватноста и изнаоѓање решенија кои се евтини и лесни.

По детално истражување на различни форми и материјали, производителите на канцелариски мебел се свртеа кон Крис Потингер, индустриски дизајнер на отворено за компании како што се The North Face и Big Agnes.

Соработката доведе до гореспоменатите шатори, кои покрај функционалноста нудат удобност и приватност.