Познатиот бренд Montblanc одлучи да му оддаде почит на еден од најголемите современи уметници – Енди Ворхол, пишува Forbes.
Во негова чест компанијата престави луксузна колекција на пенкала дизајнирани во духот на основачот на поп арт движењето.
Колекцијата е наречена Montblanc Great Characters Edition и се состои од три пенкала, ролер пенкало, уникатно пенкало и пенкало со бришливо мастило. Сите меѓусебно се разликуваат по дизајнот и капачето коешто е од нерѓосувачки челик. Едното од нив е декорирано со цветни елементи и многу наликува на една од сликите на уметникот.
На едно од капачињата стои и познатата дефиниција на Ворхол за уметноста.
Уникатното пенкало чини 940 долари, ролер пенкалото може да се купи за 805 долари, а пенкало со бришливо мастило чини 750 долари.